Достапни линкови

logo-print

ГДОМ на протест пред Собрание


Пред Собранието на Македонија се собираат граѓани на контрапротести во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ). Во моментов има над илјади луѓе. Спроти Собранието е поставена бина каде се очекува да се обратат говорниците, а засега ечат македонски патриотски песни. ГДОМ бара повлекување на одлуките на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболиција на лидерот на СДСМ Зоран Заев и Зоран Верушески, како и за одржување на изборите на 5 јуни, како единствен начин за надминување на политичката криза во земјата.

XS
SM
MD
LG