Достапни линкови

Демонстрантите пред седиштето на ЕУ во Скопје


Кон зградата каде е сместено седиштето на ЕУ во Скопје се упатија неколку илјади демонстранит кои претходно се собраа пред СЈО за поддршка на оваа институција. Тие скандираат „дојдете со нас“ и „нема правда, нема мир“. Пред зградата на ЕУ се поставени три водени топови, а полицискиот кордон не им дозволува движење на демонстратнтите. Протестот е во организација на движењето „Протестирам.“ Во меѓувреме се одложија преговорите меѓу политичките лидери кои требаше да се одржат утре во Виена под покровителство на ЕУ.

XS
SM
MD
LG