Достапни линкови

logo-print

СДСМ: Предметот „ТНТ“ на СЈО покажа зошто Иванов брзаше со аболицајата


Отворањето на предметот „ТНТ“ на независната институција СЈО покажа зошто Ѓорге Иванов мораше да брза со аболицајата, стои во соопштението од СДСМ на реакцијата од претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски по денешната прес-конференција на СЈО. Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не сакаат фер и демократски избори и се плашат од соочување со граѓаните и одговорноста за криминал и корупција.

„Бегаат од прочистен избирачкиот список, реформи во медиумите и одвојување на партијата од државата. Затоа го прекршија договорот од Пржино“, се посочува во соопштението од СДСМ и се додава оти правдата, еднаквоста, слободата и демократијата мора да се вратат во Македонија.

XS
SM
MD
LG