Достапни линкови

Македонија се движи кон меѓународна изолација


Европската Унија би можела да воведе санкции, како на пример забрана за патување и замрзнување на сметки, за македонските политичари кои го кочат процесот за надминување на политичката криза во земјата, изјавил денеска претставник на Европската Унија, јавува Ројтерс.

Истиот извор изјавил дека претседателот Ѓорѓе Иванов мора да ја поништи амнестијата, како услов за продолжување на преговорите со посредство на Европската Унија.

„Ние сме екстремно загрижени од кратковидоста на актуелната влада. Европската Унија е подготвена да разгледа и санкции за политичарите кои го блокираат надминувањето на кризата. Македонија се движи кон меѓународна изолација“, изјавил анонимен претставник на Европската Унија.

XS
SM
MD
LG