Достапни линкови

ДС: Нема уставни пречки да се свика Собранието


Демократскиот сојуз (ДС) денеска во соопштение тврди дека постои општ граѓански консензус, за две клучни работи - одлагање на изборите и повлекување на аболицијата. Во соопштението се вели дека партијата укажува дека нема уставни и законски пречки да се свика Парламентот, при што, доколку претдедателот на Собранието, Трајко Вељаноски не сака да го свика, тоа можат да го направат самите пратеници и Парламентот да донесе одлука за одлагање на изборите.

„Согласно член 15 став 4 од Изборниот законик, мандатот на пратениците трае се до конституирање на Парламентот во нов состав. Исто така нема уставни и деловнички пречки за свикување на седница на Парламентот, но во праксата по самораспуштање, тој не заседава, за да не се користи за предизборни цели, но и натаму е во постојано заседание, што е предвидено и со член 66 став 1 од Уставот и член 5 став 1 од Деловникот на Собранието, наведува ДС во соопштението.

Претседателот Ѓорге Иванов, како што се посочува во соопштението, може да ја повлече одлуката за аболиција, со нова одлука. Демократскиот сојуз повикува протестите да се одвиваат на мирен начин, како демократски чин на искажување на незадоволство.

XS
SM
MD
LG