Достапни линкови

Олимпискиот пламен на пат кон Бразил


Грчката актерка, Катерина Леху.

Грчката актерка, Катерина Леху.

Во Грција е запален пламенот за Летните олимписките игри (ЛОИ) во Бразил. Пламенот денеска го разгоре грчката актерка Катерина Леху за време на церемонијата во градот на античка Олимпија, а потоа ќе започне и шестдневната штафета низ Грција, низ градот на Маратонот и низ мигрантскиот камп во Атина, соопшти Меѓународниот олимписки комитет (МОК). Планирано е пламенот да пристигне во Бразил на 3 мај, каде ќе се одржи стодневна штафета низ земјата домаќин, во 500 градови и села во секоја држава на Бразил, пред да биде донесен на отворањето на Олимписките игри на 5 август во Рио де Жанеиро.

XS
SM
MD
LG