Достапни линкови

logo-print

Обама на средба со сојузниците од заливските земји


Претседателот на САД, Барак Обама ќе се сретне со највисоките претставници на шест земји сојузнички од Советот за соработка на Заливот, на дискусии за безбедносни прашања.

Денешната средба во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад следи по билатерланите разговори на Обама со кралот на Саудиска Арабија.

Во разговорите ќе бидат вклучени Бахреин, Кувајт, Катар, Оман, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Белата куќа соопшти дека на средбата ќе бидат вклучени неколку сесии: една со цел зајакнување на регионалната стабилност, друга посветена на напорите на контратероризмот, вклучително борбата против Ал Каеда и групата на Исламската држава. Третата сесија ќе биде фокусирана на Иран, на кого Саудиска Арабија и другите држави од Персискиот Залив гледаат дестабилизирачки ривал во регионот.

XS
SM
MD
LG