Достапни линкови

logo-print

СЈО отвори предмет за случајот Космос


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева соопшти дека ова обвинителство отвора нов предмет за уривањето на „Космос“ на Фиат Цановски во кој се осомничени поранешниот премиер Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кои се веќе помилувани од Ѓорге Иванов.

Во предметот осомничен е и градоначалникот на Гази Баба, а како првоосомничена се води надлежната инспекторка од општината Гази Баба.

Никола Груевски и Миле Јанакиески,според СЈО, сакале да му се одмаздат на Цаноски бидејќи ја напуштил тогашната владина коалиција и преминал во коалиција со СДСМ.

На почетокот на пресс конференцијата обвинителката Фатиме Фетаи рече дека сака да им се обрати на оние кои нечесно ја подриваат работата на СЈО и се закануваат. -Тоа се лица на кои правдата не им е од интерес и на кукавички начин сакаат да се спасат од неа. Секого ќе го стигне правдата и нема бегање од неа - изјави обвинителката Фатиме Фетаи.

Во изминатиот период СЈО ги отвори случаите Титаник, Тортура, Тврдина и Транспортер.

XS
SM
MD
LG