Достапни линкови

Русија прими барање за репатријација на Савченко


Надија Савченко

Надија Савченко

Руското министерство за правда соопшти дека примило документите со кои се бара репатријација за украинскиот воен пилот Надија Савченко чие затворање во Русија поради обвинување за убиство предизвика меѓународна осуда. Савченко е осудена на 22 години затвор поради наводна инволвираност во убиството на двајца руски новинари во источна Украина во 2014 година. Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека Киев и Москва се согласиле на можната рамка за ослободување на Савченко која во отсуство е избрана за пратеник во украинскиот парламент.

XS
SM
MD
LG