Достапни линкови

logo-print

Шарени бои и за бараките на Град Скопје


Со разни бои демонстрантите ги „украсија“ бараките на Град Скопје во градскиот парк во Скопје. Тие извикуваат „Мафија на робија“. Претходно со црвена боја демонстрантите го гаѓаа споменикот Воин на коњ или кај народот познат како споменикот на Александар Македонски на плоштадот Македонија во Скопје. Денеска со шаблон се испишуваат графити „Шарената револуција“, на улици и на тараби во центарот на градот. Протестот како и секој ден започна со поддршка за СЈО пред зградата на институцијата, потоа продолжија кон Собрание, оттаму преку плоштад до зградата на Владата, па преку Илинденска до Град Скопје.

XS
SM
MD
LG