Достапни линкови

Црвена боја и шарена револуција


Со црвена боја демонстрантите го гаѓаа споменикот Воин на коњ или кај народот познат како споменикот на Александар Македонски на плоштадот Македонија во Скопје. Неколку денови демонстрантите го гаѓаат со боја овој споменик и неколку други дел од контроверзниот проект Скопје 2014. Пред некој ден водата во фонтаната на споменикот беше обоена во црвена боја во име на сите жртви на овој режим, наведоа тогаш организаторите на протестот. Денеска со шаблон се испишуваат графити „Шарената револуција“, на улици и на тараби во центарот на градот.

XS
SM
MD
LG