Достапни линкови

logo-print

Протест за слобода пред Собрание


„Нема правда, нема мир“, „Николче диктаторче“, „Оставка, оставка“, „Мафија на робија“ извикуваат илјадници граѓани кои сега протестираат пред Собранието на Македонија. Пред Собранието организаторите на протестот кажуваат колку чинат спомениците дел од контроверзниот проект Скопје 2014.

„Не напаѓаат зошто сме ја обоиле Триумфалната порта, а народот не е свесен дека за неа се потрошени над четири милиони евра.“

„Кога не прашуваат зошто протестираме одговорот е слобода.“

„На Претседателот му е најпаметно да молчи покажаа последните негови гафови“, велат демонстрантите во своите говори пред Собрание.

На протестот може да се забележат поддржувачи и членови на опозициски партии, студенти, членови и активисти на левичарски здруженија, невладини организации, но и луѓе кои до скоро важеа за поддржувачи на власта.

Освен во Скопје, во организација на „Протестирам“, има протести и во другите градови. Протести има во Прилеп, Струмица, Кочани, Куманово, Штип, Велес и Битола, Кавадарци и Охрид. Утре треба да има протест и во Гостивар.

велес

велес

Од движењето Протестирам, кои се организатори на протестот сметаат дека преговори во овие услови се неприфатливи. Тие бараат претседателот ја ја повлече одлуката за аболиција и да си даде оставка, Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО, потоа бараат да се формира специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО. Понатаму бараат да се повлече одлуката за избори на 5 јуни, во решавање на кризата да бидат вклучени и претставници на граѓанското општество, да се формира преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе, а дотогаш како што наведуваат политичка борба останува на улиците. Денеска од движењето побараа и преговорите за излез од кризата да се водат во земјата, а не во странство. Пред да се упатат кон Собрание граѓаните се собраа пред просториите на Специјалното јавно обвинителство во Скопје во знак на поддршка за работата на оваа институција.

По пауза од еден ден и ГДОМ се врати со протестите.Поддржувачите на организацијата и на владејачката ВМРО-ДПМНЕ протестираат во Кавадарци , Битола и Охрид. Протестите во организација на ГДОМ, како што велат организаторите, се за да има избори на 5 јуни и за да ја одбранат Македонија.

XS
SM
MD
LG