Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на Заев неодговорна и деструктивна


ВМРО-ДПМНЕ останува конструктивна кога е во прашање иднината на Република Македонија и е подготвена да учествува во разговори кои ќе значат излез од сегашната состојба. Денешната одлука на Зоран Заев ја оценува како недоговорна и деструктивна со која тој бега од разговори со кои треба да се трасира патот кој води кон избори и решавање на кризата.

Ова го соопшти Илија Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ попладнево на прес-конференција, на која посочи дека со одлуката лидерот на СДСМ уште еднаш покажал колку не се грижи за иднината на Република Македонија и за нејзините граѓани, за стабилноста и за немирот кој секојдневно го внесува помеѓу граѓаните.

„Во овие денови кога нема граѓанин што не е загрижен за актуелната состојба и кога нема Македонец кој не очекува излез од кризата во која што СДСМ и Заев ја втурнаа земјата, тој продолжи со уцени и условувања кои ја туркаат државата надолу и ја продожуваат кризата до недоглед, истакна Димовски и додаде дека Заев денеска и заврти грб на Македонија и, како што рече, потврди дека неговата намера е продлабочување и ескалирање на кризата, затоа што тој и луѓето околу него можат да функционираат и да привлечат внимание само во време на криза.

Според Димовски, Заев со бегањето од разговорите закажани во Виена покажа дека само заради спасот на сопствената кариера има намера да ја држи Република Македонија уште долго во заложништво.

XS
SM
MD
LG