Достапни линкови

logo-print

Косово усвои мерки против финансирањето на тероризмот


Косовската Влада усвои нацрт - мерки против финансирањето на тероризмот и перењето пари и даде зелено светло истите да бидат проследени до Парламентот. Новите мерки се оценуваат како „многу значајни“ во борбата против екстремизмот, наведе Владата во соопштение. Според властите во Косово, се верува дека околу 70 државјани на Косово се уште активно се во редовите на Исламска држава. Минатата година Косово донесе закон со кој се предвидува затвор до 15 години за лицата кои учествуваат во оружени судири надвор од земјата.

XS
SM
MD
LG