Достапни линкови

Вељаноски: Нема уставна можност за свикување седница


Секое свикување седница на веќе распуштено Собрание, би претставувало грубо кршење на Уставот на Република Македонија, соопшти претседателот на Собранието Трајко Вељановски во реакција на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ Зоран Заев на која меѓу другото беше побарано свикување пленарна седница на Собранието за одложување на распишаните избори за 5 јуни.

Вељаноски го цитира член 63, став 6 од Уставот во кој се наведува дека „Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници“ и потенцира дека во контекст на оваа уставна одредба пратениците од осмиот состав на македонскиот Парламент, таква одлука со значително мнозинство веќе донесоа, односно тие се распуштија. Тоа, посочува Вељаноски, во суштина значи дека какво било свикување на седница на која би присуствувале пратеници кои самите веќе донеле одлука за свое распуштање е во целосна спротивност со Уставот како највисок правен акт во државата.

XS
SM
MD
LG