Достапни линкови

logo-print

Министерски состанок во Солун за миграциската криза


Утре и задутре во Солун ќе се одржи средба на министрите за надворешни и вантрешни работи на Грција, Албанија, Бугарија и Република Македонија посветена на прекуграничната соработка. Средбата е на иницијатива на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас.

Грчкото МНР денеска соопшти дека на состанокот, како претставник на грчкото МВР ќе присуствува заменик-министерот за цивилна заштита Никос Тоскас.

На средбата ќе учествуваат и претставници на Европската комисија и на Министерството за надворешни работи на Холандија, како земја претседавач со Советот на Европската унија. На утрешниот состанок на министрите главна тема на дискусија ќе бидат предизвиците на миграцијата и регионалната соработка.

На дневен ред на состаноците што ќе се одржат во петок ќе бидат соработката во областа на граничното управување и борбата против трговијата со илегални мигранти и терористичките мрежи. Исто така, разговорите ќе се фокусираат и на хуманитарната димензија на миграцијата и ќе се истражуваат области за соработка и подобра координација за управување со бегалската и миграциската криза.

XS
SM
MD
LG