Достапни линкови

ЕУ предложи безвизен режим за Украина


Еврокомесарот за внатрешни прашања, Димитрис Аврамопулос.

Еврокомесарот за внатрешни прашања, Димитрис Аврамопулос.

„Денеска ги проследивме нашите заложби да предложиме безвизен режим во Европската унија за украинските граѓани со биометриски пасоши“, изјави денеска еврокомесарот за внатрешни прашања, Димитрис Аврамопулос. „Треба да бидеме обединети и да застанеме до нашиот сосед“ додаде Аврамопулос изразувајќи надеж дека безвизниот режим за Украина ќе стане реалност.

Одлуката ќе дојде како олеснување за прозападната влада во Киев, откако многумина стравуваа дека процесот на визната либерализација може да биде закочена, откако Холандија на почетокот на овој месец во консултативен референдум гласаше против Договорот за стабилизација иа асоцијација меѓу Украина и ЕУ.

Но, се уште не е јасно колку брзо процесот на либерализација ќе биде решен во Европскиот Парламент и во Советот, каде некои земји членки ќе сакаат да го забават процесот.

XS
SM
MD
LG