Достапни линкови

logo-print

Заев: Укинување на помилувањата и одложување на изборите или не одам во Виена


Повлекување на политичките помилувања од страна на претседателот Ѓорге Иванов и свикување на Собранието за да се поништи одлуката за избори на 5 јуни. Ова се двата услови што денеска ги постави претседателот на СДСМ Зоран Заев за да учествува на разговорите на лидерите на четирите политички партии, кои се закажани за в петок во Виена.

Тој рече дека ја почитува иницијативата на тројцата европратеници, Едуард Кукан, Иво Вајгел и Ричард Ховит, како и на еврокомесарот Јоханес Хан, за нови преговори, но рече дека доколку не се исполнат овие два услови, тој нема да учествува на преговорите во Виена.

XS
SM
MD
LG