Достапни линкови

Убиени седум полицајци во Карачи


Вооружено лице на моторцикл застрела седум полицајци во пакистанскиот град Карачи, кои го обезбедувале тимот кој вршел вакцинација на деца протв полио. Полицијата соопшти дека напаѓачот денеска ги извршил убиствата во два одделни напади. Тој отворил оган врз полициско возило убивајќи четри полициајци, а тројца други биле убиени во областа. Нема повредени меѓу оние кои ја вршеле вакцинацијата. Засега ниту една група не ја презема одговорноста за нападот, но милитантите во Пакистан редов вршат напади врз докторите кои вршат вакцинација против полио и нивните чувари.

XS
SM
MD
LG