Достапни линкови

logo-print

Бројот на загинати во нападот во Кабул достигна 64 лица


Бројот на жртвите од вчерашниот напад на Талибанците во главниот авганистански град, Кабул се зголеми на 64 – двојно повеќе од проcенките на официјалните лица од вчерашниот ден. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Седик Седики денеска изјави дека 347 луѓе се исто така повредени во нападот на канцеларијата на главната безбедносна агенција во центарот на Кабул. Повеќето од увиените и повредените се цивили. Нападот почна со експлозија на автомобил којшто го возел бомбаш самоубиец, а бил проследен од напад на вооружени милитанти. Талибанците ја преземаа одговорноста за нападот, кој доаѓа една недела откако милитантите ја објавија нивната „пролетна офанзива.“ Претседателската палата соопшти дека нападот „нема да ја ослабне волјата и решителноста на авганистанските сили во борбата против тероризмот.“

XS
SM
MD
LG