Достапни линкови

logo-print

Еден притвор и одземени пасоши на осомничени од Транспортер


Владимир Талески, градоначалник на Битола

Владимир Талески, градоначалник на Битола

Притвор од 30 дена доби еден од осомничените во предметот на специјалното обвинителство „Транспортер“, потврдија од Судот. Вчера по барање на Специјалното обвинителство биле повикани на распит четворица осомничени. За останатите тројца е одредена мерка одземање на патна исправа, наредба да се јавуваат редовно на суд и забрана за напуштање на градот во кој што живеат, објаснуваат од судот. Дел од осомничените се очекува денеска да дојдат на распит кај судија на претходна постапка.

Во случајот Транспортер главен осомничен е градоначалникот на Битола Владимир Талески. Покрај него уште 22 лица се сомничат за малверзации со државни пари за траспорт на ученици и злоупотреба на службена должност. Осомничени се соработници на Талески од битолската општина, директори на битолски училишта и директори на транспортни фирми од Битола. Специјалното обвинителство побара мерка притвор за 11 осомничени, но не и за градоначалникот, за кого е најавено дека ќе се бара конфискација на нелегално стекнат имот.

XS
SM
MD
LG