Достапни линкови

Македонија на 118 место по слободата на медиумите во светот


Македонија на 118 место по слободата на медиумите во светот
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:05 0:00

Македонија на 118 место по слободата на медиумите во светот

Во денеска објавениот Индекс на слободата на медиумите во светот на организацијата Репортери без граници, Македонија е рангирана на 118 место, едно подолу од минатата година. Индексот покажува дека има длабок и вознемирувачки пад во слободата на медиумите и на глобално и на регионално ниво.

Македонија има индекс од нешто над 36 поени и е на најниска позиција од земјите во регионот. Пред Македонија се Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора, БиХ, Србија.

Притоа се наведува дека иако клеветата беше отстранета од Кривичниот законик во 2012 година, обвиненијата се заменети со граѓански акции, со можност за тешки парични и затворски казни за новинарите и сопствениците на медиумите.

Од крајот на 2014 година се поднесени најмалку 580 тужби за клевета, а неколку десетици од нив против новинари. Како резултат на тоа, според анкетата на Македонскиот синдикат на новинари и медиумски работници, повеќе од половина новинари во Македонија велат дека тие сами се цензурираат.

Овој пад во слободата на информирање е поради авторитарните тенденции на владите во земјите, како Турција и Египет, построгата владина контрола врз државните медиуми, па дури и во некои европски земји, како што се Полска и влошувањето на безбедносната ситуација на пример во Либија и Бурунди, или во Јемен.

Во горниот дел на извештајот во кој се рангираат 180 земји се: Финска, Холандија, Норвешка, Данска и Нов Зеланд додека на дното се: Кина, Сирија, Туркменистан, Северна Кореја и Еритреја.

Полска падна за 29 места, поради новиот закон усвоен во јануари кој и дава можност на новата конзервативна влада за построга контрола врз државните медиуми.

Годинашното издание на Индексот на слободата на медиумите во светот покажува дека има длабок и вознемирувачки пад во почитувањето на слободата на медиумите и на глобално и на регионално ниво.

Репортери без граници ги пресметуваат показателите на целокупното ниво на повредите на слободата на медиумите во светот.

Колку е повисока бројката, толку е полоша ситуацијата. Глобалниот индикатор од 3719 поени лани, годинава се покачи на 3857 поени. Тоа е влошување за 3,71 насто. Падот од 2013 година пак е 13,6 проценти.

Овој пад во слободата на информирање е поради авторитарните тенденции на владите во земјите, како Турција и Египет, построгата владина контрола врз државните медиуми, па дури и во некои европски земји, како што се Полска и влошувањето на безбедносната ситуација на пример во Либија и Бурунди, или во Јемен.

Опстојувањето на независната покриеност на вестите станува несигурно и во државните и во приватните медиуми, поради идеолошки закани, особено религиозни, кои се непријателски расположени спрема слободата на медиумите, но и од големите пропагандни машини.

Во целиот свет, „олигарсите“ купуваат медиуми и вршат притисок што е дополнување на оној што веќе доаѓа од владите.

Некои влади не се двоумат да го суспендираат пристапот до интернет или дури и да ги уништат просториите и опремата за емитување или за печатење на медиумите кои не им се допаѓаат.

И индикаторот за законската рамка регистрира значителен пад. Многу закони се усвоени за казнување на новинарите како на пример за лажни обвинувања за „навреда на претседателот“, или за „поддршка на тероризмот“.

Расте и таканаречената само цензура која е попратен ефект на оваа алармантна ситуација.

Падови се забележани и за секој континент посебно. Во Америка за 20,5 проценти, пред се како резултат на физички напади и убиства на новинари во Мексико и Централна Америка.

Во Европа и на Балканот индексот е намален за 6,5 насто, пред се поради се поголемото влијание на екстремистичките движења и ултра конзервативните влади.

Потврден е и лошиот индекс за Централна Азија и Источна Европа што доаѓа поради ледената средина за работа на медиумите и слободата на говорот во земјите со авторитарни режими.

Секоја година од 2002 година Репортери без граници објавуваат Индекс на слободата на печатот во 180 земји со помош на следниве критериуми:плурализам, независноста на медиумите, медиумите и автоцензурата, законските услови, транспарентноста, инфраструктурата и злоупотребите.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG