Достапни линкови

logo-print

Фидел Кастро ја најави својата смрт


Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро се појави на затворањето на Конгресот на Комунистичката партија на Куба на кој неговиот брат Раул повторно е избран на нов петгодишен мандат на чело на партијата. Таткото на кубанската револуција во краткиот говор рече дека наскоро ќе умре и ги повика сопартијците да помогнат во опстојувањето на неговите идеи. „Наскоро ќе завршам како и сите други. Времето ќе дојде по сите нас, но идеите на кубанските комунисти ќе останат како доказ дека на оваа планета ако се работи со жар и достоинство, можат да се создадат материјални и културни добра потребни на луѓето“, рече 89 годишниот Кастро.

XS
SM
MD
LG