Достапни линкови

Во Сирија десетици загинати во воздушни напади


Десетици луѓе загинале во воздушни напади за кои постои сомневање дека биле изведени од сириските владини сили. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека над 40 луѓе биле убиени, додека десетици други биле ранети во нападите врз два града во провинцијата Идлиб кои се под контрола на бунтовниците. Ова е најтешкото прекршување на примирјето во Сирија која стапи во сила во февруари годинава.

XS
SM
MD
LG