Достапни линкови

Притворен осомничен за случајот „Транспортер“


Основниот суд Скопје 1 одреди мерка притвор за еден од осомничените во предметот Транспортер. По барање на Специјалното јавно обвинителство четворица денеска биле повикани на распи,т од кои само за еден осомничен било одредена мерката притвор, а за останатите биле преземени мерки за обезбедување на присуство, потврдија од Судот.

Во случајот Транспортер главен осомничен е градоначалникот на Битола Владимир Талески. Покрај него уште 22 лица се сомничат за малверзации со државни пари за траспорт на ученици,и злоупотреба на службена должност. Осомничени се соработници на Талески од битолската општина, директори на битолски училишта и директори на транспортни фирми од Битола.

Специјалното обвинтелство побара мерка притвор за 11 осомничени, но не и за градоначалникот, за кого е најавено дека ќе се бара конфискација на нелегално стекнат имот.

Според презенатцијата на предметот на обвинителката Фатиме Фетаи, градоначалникот на Битола плаќал поскап превоз за ученици и од градоначалникот на Токио.

XS
SM
MD
LG