Достапни линкови

Илјадници демонстрантите на улиците во Скопје


„Оставка од Иванов“ „Нема правда нема мир“, извикуваат илјадниците граѓани кои вечерва од пред зградата на Владата се упатија кон ЕУ Инфо центарот во Скопје. Полицијата има блокади за да го оневозможи приодот за демонстрантите кои се обидуваат да се движат по улицата „Илинденска“

Демонстрантите се движеа од пред Триумфалната капија и пред Собранието на Македонија, кон Владата, а претходно дел од нив фрлаа со пластични шишиња и со боја кон Министерството за правда. Тие употребија помалку боја, од претходните протести кога ја „боеја“ Триумфалната капија, а беше фрлен детергент и во фонтаната на споменикот Воин на коњ.

Протестите иницирани од граѓанското движење „Протестирам“ започнаа пред просториите на СЈО во знак на подршка на обвинителите.

Граѓаните протестираат против политиките на владата и против избори на 5 јуни, тие се против аболицијата на политичари кои се поврзани со прислушувањата и бараат оставка до претседателот Иванов, но исто така бараат нивно вклучување во евентуалните преговори меѓу партиите што треба да се одржат во петок во Виена.

Протести има и во Битола, каде се бара оставка и од градоначалникот Талевски, но се одржуваат и контра протести. Протести се одржуваат и во Битола, Велес, Штип, Струмица, Кочани, Прилеп и во Куманово.

XS
SM
MD
LG