Достапни линкови

logo-print

Демонстрантите го „боеја“ Министерството за правда


И денеска дел од демонстрантитекаде фрлаа со боја кон фасадата на зградата на Министерството за правда, но употребена е помалку боја, од претходните протести кога тие ја „боеја“ Триумфалната капија, а беше фрлен детергент и во фонтаната на споменикот Воин на коњ.

„Оставка оставка“ извикуваат демонстрантите во центарот на градот, откако од пред Специјалното јавно обвинителство се упатија кон Собранието на Македонија

Протестите иницирани од граѓанското движење „Протестирам“ започнаа пред просториите на СЈО во знак на подршка на обвинителите, a треба да завршат пред Владата.

Демонстрантите протестираат против политиките на владата и против избори на 5 јуни, но исто така бараат нивно вклучување во евентуалните преговори меѓу партиите што треба да се одржат во петок во Виена.

Протести има и во Битола, каде се бара оставка и од градоначалникот Талевски, но се одржуваат и контра протести. Протести изминатите денови имаше и во Струмица, Штип, Куманово и Велес

Протестите се одржуваат втора недела по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов, за прекин на сите постапки поведени против политичари кои се поврзани со прислушувањата и политичката криза.

XS
SM
MD
LG