Достапни линкови

Протестот започна пред СЈО


Протестите иницирани од граѓанското движење „Протестирам“ започнаа пред просториите на СЈО во знак на подршка на обвинителите.

И денескa демонстрантите протестираат против политиките на владата и против избори на 5 јуни, но исто така бараат нивно вклучување во евентуалните преговори меѓу партиите што треба да се одржат во петок во Виена.

Како и во претходните денови се закажани се нови протести и во неколку градови низ Македонија, меѓу кои во Битола, каде се бара оставка и од градоначалникот Талевски, но таму се најавени и контра протести. Протести изминатите денови имаше и во Струмица, Штип, Куманово и Велес

Протестите се одржуваат веќе втора недела по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов, за прекин на сите постапки поведени против политичари, кои се поврзани со прислушувањата.

XS
SM
MD
LG