Достапни линкови

logo-print

Иран: Производството на нафта на нивото пред санкциите


Ирански официјален претставник изјави дека производството на нафта во земјата ќе го достигне нивото пред санкциите во рок од два месеца, зголемувајќи ги надежите дека Техеран би можел да им се приклучи на водечките производители на нафта во замрзнување на производството, во обид да ги зголемат цените на нафтата.

Разговорите меѓу најголемите производители за замрзнување на цените на нафтата пропаднаа на 17 април во Катар, кога Саудиска Арабија инсистираше дека сите членки на ОПЕК треба да му се приклучат на договорот, вклучително и Иран.

Иран е подготвен за враќање на својот удел на пазарот, по укинувањето на санкциите во јануари и соопшти дека нема да го промени својот став додека не го достигне нивото на производство пред санкциите, а според официјалните претставници тоа треба да се случи во јуни.

Земјите на ОПЕК на 2 јуни повторно ќе се сретнат во Виена, за обновување на напорите за договор за замрзнување на производството.

XS
SM
MD
LG