Достапни линкови

logo-print

Украинската пилотка Савченко го прекина штрајкот со глад


Украинската пилотка Надја Савченко, која беше осудена во Русија под обвиненија за убиство, го прекина штрајкот со глад. Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска на својот твитер профил објави дека Савченко „се согласила“ да го прекине штрајкот со глад, откако зборувал со неа по телефон. Савченко од 6 април почна да одбива да козумира вода и храна, барајќи да биде веднаш ослободена. Таа во март беше осудена на 22 години затвор за обвиненија за соучество во убиство на двајца руски новинари во 2014 година во источна Украина. Таа одби да поднесе жалба на казната, велејќи дека не го признава легитимитетот на истрагата против неа.

XS
SM
MD
LG