Достапни линкови

Ердоган го нарече европскиот извештај „провокативен“


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро го осуди неодамнешниот извештај на Европскиот Парламент, во кој беше критикувано владеењето на правото во Турција.

Опишувајќи го извештајот како „провокативен“, Ердоган денеска рече дека најголем дел од критиките кои доаѓаат од Западот имаат „лоши намери.“ „Турција повеќе и е потребна на Европската унија отколку што Европската унија и треба на Турција“, додаде тој.

Европскиот Парламент минатата недела го одобри својот годишен извештај за напредокот на Турција, која е земја кандидат за членство во Европската унија, во кој Анкара е криткувана за владеењето на правото и слободата на медиумите во 2015 година.

Денеска во Брисел турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека европските договори за човекови права ќе бидат основа на формирањето на новиот устав на неговата земја.

XS
SM
MD
LG