Достапни линкови

logo-print

Белгија: Опасноста од ИД се уште постои


Белгиските власти велат дека ги испитуваат информациите кои укажуваат дека групата на Исламската држава испраќа милитанти во Европа. „Се појавија сигнали дека ИД повторно испраќа борци во Европа и во Белгија“, изјави денеска шефот на Белгискиот центар за закани за безбедноста, Пол Ван Тигчелт. Тој не образложи повеќе, но истакна Белгија ќе остане на своето второ ниво на готовност, бидејќи како што рече „опасноста се уште постои и таа е можна и сериозна.“ Тој исто така рече дека белгиските власти веруваат оти ја „дестабилизирале“ мрежата на ИД која ги изврши терористичките напади на 22 март.

XS
SM
MD
LG