Достапни линкови

Смртоносен самоубиствен напад во Пакистан


Пакистанските власти соопштија дека во експлозија на бомбаш самоубиец, кој целел владина канцеларија во северозападната провинција Кибер Паштунхва, убиено е едно лице, а 17 се повредени. Полицијата сооопшти дека денешниот напад се случил пред просториите на Дирекцијата за даноци во градот Мардан, околу 50 километри североисточно ог главниот град на провинцијата, Пешавар. Окружниот началник изјави дека напаѓачот пристигнал на местото и почнал да пука со пиштол пред да го активира експлозивниот елек. Ниту една група досега не презема одговорност за нападот.

XS
SM
MD
LG