Достапни линкови

Затвореници бараат помилување и намалување на казните


Над 1000 затвореници се потпишале на петицијата со која бараат намалување на казните и помилување од претседателот Ѓорѓе Иванов.

Во текот на денот, тие до претседателот Иванов ќе достават речиси 2.000 барања за помилување, бидејќи од вкупно 3.152 осуденици досега на списокот се потпишале 1.803 затвореници од машкото и женското одделение од затворот Идризово и од штипскиот затвор, информираа денеска адвокатите Звонко Давидовиќ и Душко Јовановиќ.

Адвокатите Давидовиќ и Јовановиќ очекуваат бројот да се зголеми до крајот на денот и да се приклучат затвореници и од другите затвори низ Македонија.

Затворениците не бараат целосно помилување, туку намалување на казните. Доколку не им биде одговорено на нивните барања, најавуваат дека ќе протестираат и нема да гласааат на претстојните избори.

XS
SM
MD
LG