Достапни линкови

Грција од ЕУ ќе добие 700 милиони евра помош за мигрантите


До 2018 година на Грција ќе и бидат обезбедени 700 милиони евра за итно хуманитарно финансирање, со цел Атина да се избори со масовната бегалска криза, објави денеска Европската комисија.

Ова е првпат некоја членка на Европската унија да добие помош, која ќе им биде доделена на хуманитарни организаци, кои работат заедно со грчката Влада и им обезбедуваат на бегалците помош во вид на храна, засолништа, медицински и образовни услуги.

Комесарот на ЕУ за хуманитарна помош и управување со кризни ситуации, Христос Стилианидес наведе дека бил во Атина на потпишување на спогодба со која 83 милиони евра им се доделени на претставници на осум хуманитарни организации, вклучувајќи ги и УНХЦР, Данскиот совет за бегалци и Црвениот крст.

XS
SM
MD
LG