Достапни линкови

Основачот на германската „Пегида“ се појави на суд


Основачот на антимигрантското движење во Германија се појави на судење за обвиненија за говор на омраза. Луц Бахман во судницата во Дрезеден се појави со насмевка на лицето и очила со кои имитиерше отпечатени црни ленти на очите на луѓето, како во цензурирани фотографии.

Пред зградата на судот, поддржувачи на Бахман носеа транспаренти на кои пишуваше „Срам да ви е! Ослободете го Бахман!“ Бахман е обвинет за поттикнување на расна омраза во серија постови на социјалните мрежи, во кој бегалците ги нарекува „говеда“ и „ѓубре.“

Доколку биде прогласен за виновен, 43-годишниот Бахман може да добие казна затвор од пет години. Пегида се противи на мигрантската политика на канцеларката Ангела Меркел, која минатата година донесе повеќе од милион мигранти и баратели на азил во Германија.

XS
SM
MD
LG