Достапни линкови

Најмалку 28 жртви во нападот на Талибанците во Кабул


Авганистанските власти соопштија дека Талибанците ја нападнале канцеларијата на главната безбедносна агенција во Кабул, убивајќи најмалку 28 луѓе, а повредени се повеќе од 300 лица.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Седик Седики, денеска изјави дека нападот започнал со самоубиствен напад со автомобил бомба за време на утринскиот метеж, кој бил проследен со напад на вооружани милитанти.

Нападот бил насочен кон канцеларијата на зградата на единицата на Националниот директорат за безбедност, задолжена за заштита на владини претставници. Меѓу жртвите има и цивили и припадници на службите за безбедност.

Талибанците ја преземаа одговорноста за нападот, кој доаѓа една недела откако милитантната група го објави почетокот на нивната пролетна офанзива. Претседателската палата го осуди нападот како „кукавички терористички напад“, велејќи дека тоа нема да ја ослабене волјата и решителноста на авганистанските безбедносни сили да се борат против тероризмот.

XS
SM
MD
LG