Достапни линкови

Над 400 загинати во земјотресот во Еквадор


Владата на Еквадор соопшти дека бројот на загинатите во земјотресот со сила од 7,8 степени што во саботата го погоди југот на таа земја се покачи на 413, додека неколку илјади биле ранети. Се страхува дека тоа не е конечен број на жртвите, бидејќи се уште имало затрупани луѓе под урнатините. Претседателот на Еквадор Рафаел Кореа изјави дека ова било најголемата катастрофа во земјата во изминатите 67 години. Во потрагата по преживеани се вклучени и екипи од Швајцарија, Шпанија и неколку земји од Латинска Америка.

XS
SM
MD
LG