Достапни линкови

logo-print

АИ: Мигрантите во Грција заглавени во неизвесност


Скоро 50 илјади луѓе заглавени во Грција во оскудни услови се во опасност да бидат заборавени додека светското внимание е фиксирано врз договорот меѓу ЕУ и Турција. Ова го соопшти Амнести интернешнал. Бавниот процес на нивна релокација, откако земјите на балканската мигрантска рута ги затворија границите се заканува да предизвика хуманитарна криза поради лошите услови во кои престојуваат мигрантите во прифатните центри во Грција. Атина може да ги врати мигрантите само откако ќе заврши процесот на нивното барање азил во Грција. Досега во Турција се вратени само 300 мигранти.

XS
SM
MD
LG