Достапни линкови

Протест против аболицијата и во Куманово


Со паролите „Нема правда, Нема мир“, „Ние не ве аболицираме“, „Смрт на фашизмот слобода на народот“, и граѓаните на Куманово вечерва штотуку го завршија мирниот протест пред Основниот суд , со што му дадоа поддршка на Специјалното јавно обвинителство. Меѓу протестантите беа не само дел од приврзаниците на СДСМ,од помалите опозициони партии, невладини организации, граѓани кои се незадоволни од власта. На собирот се обрати доктор Мице Дудучки од иницијативата „Протестирам“,кој меѓу другото рече дека Куманово е мултинационална и мултиконфесионална средина и дека на протестот спонтано се собрани граѓаните, а не се по директива или со автобуси, бидејки сакаат да живеат во мирна и просперитетна држава. И стечајката Љиљана Ѓорѓиевска која како што рече против неа се води судска постапка, но таа не е помилувана од претседателот, а не би ни сакала, оти како што рече оваа власт стечајците ги вовлече во децениска агонија. Протестантите мирно се разотидоа и најавија дека и утре вечер во 19 часот ќе се соберат на истото место.

XS
SM
MD
LG