Достапни линкови

Демонстрантите со боја гаѓаат кон Министерството за култура


Со боја гаѓаа демонстрантите кон фасадата на зградата на Министерството за култура за да го изразат својот револт од проектот Скопје 2014. Пред зградата на Министерството се распоредени многу полицајци. Претходно на пат на демонстрантите од Собрание до Министерството тие со боја, јајца и графити „украсија“ и неколку споменици дел од проектот Скопје 2014, како Трумфалната порта, споменикот Воин на коњ, споменикот на Цар Самоил. Втора недела по ред граѓаните протестираат против политичките помилувања.

XS
SM
MD
LG