Достапни линкови

Протест пред Собрание - преговорите се неприфатливи


„Нема правда, нема мир“, „Оставка, оставка“, „Не ве амнестираме“ извикуваат илјадници граѓани кои протестираат пред Собранието на Македонија. Дел од демонстрантите ја пеат и познатата детска песничка „Никола, Никола“, само со изменет тест - Никола доста беа десет години. Од движењето Протестирам, кои се организатори на протестот сметаат дека преговори во овие услови се неприфатливи. Тие бараат претседателот ја ја повлече одлуката за аболиција и да си даде оставка, Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО, потоа бараат да се формира специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО. Понатаму бараат да се повлече одлуката за избори на 5 јуни, во решавање на кризата да бидат вклучени и претставници на граѓанското општество, да се формира преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе, а дотогаш како што наведуваат политичка борба останува на улиците. Пред да се упатат кон Собрание граѓаните се собраа пред просториите на Специјалното јавно обвинителство во Скопје во знак на поддршка за работата на оваа институција.

XS
SM
MD
LG