Достапни линкови

САД испраќа нови трупи и хеликоптери во Ирак


САД ќе испрати во Ирак дополнителни 217 војници и голем број на хеликоптери од типот „Апачи“, за да и помогнат на земјата во борбата против групата на Исламската држава. Американскиот секретар за одбрана Еш Картер, ја објави одлуката за време на денешната посета во Багдад. Тој додаде дека доплнителните сили ќе бидат користени за да ги советиуваат ирачките сили во првите линии на фронтот. Дополнителните војници ќе му се приклучат на американскиот контингент кој брои 4.087 војници.

XS
SM
MD
LG