Достапни линкови

Гранатиран турскиот град Килис од територијата на Сирија


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Три лица загинаа, а деветмина се повредени кога четири гранати го погодија градот Килис во југоисточна Турција, во близина на границата со Сирија, соопштија безбедносни извори. Гранатите се истрелани од област во Сирија што е под контрола на Исламска држава. Турскиот град изминатите недели често е мета на гранатирање. Во меѓувреме, дел од турските медиуми јавија дека турската армија отворила артилериски оган врз Сирија, откако минофрлачка граната експлодира во близина на касарната во јужната провинција Хатах.

XS
SM
MD
LG