Достапни линкови

logo-print

По „Транспортер“ во Битола тензично


Поголема група битолчани бараат оставка од Талески со денови протестирајќи и гаѓајќи ја општината со јајца и балони со боја.

Не стивнуваат протестите и реакциите на битолчани откако СЈО го осомничи битолскиот градоначалник Владимир Талески и други лица од општината и директори на училишта за, како што беше кажано, злоупотреби со школскиот превоз. Поголема група битолчани бараат оставка од Талески со денови протестирајќи и гаѓајќи ја општината со јајца и балони со боја.

Очекувам да си оди, но арамиите не си бегаат. Коската никој не ја дава.

„Треба многу работи да се сменат во државата. Зарем има нешто што чини во оваа држава? Прво, ми ги избркаа децата, внуците не ми се тука. Заминаа во странство по работа. Уште многу други бараат да си заминат.“

„Очекувам да си оди, но арамиите не си бегаат. Коската никој не ја дава.“

„Претседателот да ја смени одлуката и да се смират страстите и да тргне Македонија напред. Секој да си ја завршува совесно својата работа и виновните да одговараат.“

„Ние се бориме против овој. Овој не е лојален граѓанин на Битола, ниту е од Битола, да си ги собере парталите и да си оди во Кичево“, велат битолчани.

Детално испитување на работата на Талески побара советниците од опозицијата.

„Ние како советници согласно нашите овластувања ќе побараме Советот да формира времена комисија на следната редовна седница за испитување на неправилностите во работењето на Општина Битола и градоначалникот Талески за периодот за кој имаме сомнеж дека постојат неправилности“, изјави Габриела Илиевска, советник од ВМРО-НП.

Талески одговара дека во неговата работа нема криминал, а обвинувањата од СЈО се политичка хајка против него.

„Специјалната обвинителка изнесе лажни обвинувања и треба да знае дека може да одговара и за клевета. А фактурата од искршените прозорци и оштетената фасада на општината ќе ги испратиме на нивна адреса зашто по лажната пропаганда на Фетаи во јавноста, народот се собра ценејќи дека градоначалникот на Битола е криминалец, ајде да се собериме и да му бараме оставка, ајде да ја демолираме зградата“, изјави Талески.

За опозицијата рече „не заслужуваат да ги сослушаме, а не да пак да им одговориме. Со 500 до 700 денари да ги собираат овде да фрлаат со јајца по општина не е во ред. Не им се граѓаните виновни, ниту сум им јас виновен, работата е донесена од страна, додаде Талески.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG