Достапни линкови

Карл Билд: Настаните во Македонија се загрижувачки


Загриженост за развојот на настаните во Македонија изрази на својот твитер профил поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи Карл Билд.

„Развојот на настаните во Македонија е многу загрижувачки. Земјата мора да се врати назад на патот на евроинтеграциите и да ги почитува договорите, вели Билд.

Тој важи за добар познавач на состојбите на Балканот, бидејќи беше специјален пратеник на ЕУ за поранешна Југославија, висок претставник на Унијата за БиХ, како и специјален пратеник на ОН за Балканот.

XS
SM
MD
LG