Достапни линкови

logo-print

Грузија уапси шестмина осомничени за продавање ураниум


Грузиските власти уапсија тројца грузиски и тројца ерменски граѓани осомничени дека се обидувале да продадат ураниум – 238. Истражителот на грузиската Државна служба за безбедност, денеска соопшти дека групата имала намера да го продаде радиоактивниот материјал за 200 милиони долари. Ураниуот бил чуван во специјалне контејнер, кој бил пронајден во куќа која била во сопственост на еден од осомничените. Шестмината се очекува да бидат обвинети за „неправилна употреба и нелегална продажба на радиоактивни материјали.“Доколку бидат прогласени за виновни, ќе се соочат со затворска казна над 10 години.

XS
SM
MD
LG