Достапни линкови

Сириските бунтовници најавија нови операции


Неколку сириски бунтовнички фракции велат дека започнуваат нова борба против владините сили, како одговор на прекршувањето на договорот за прекин на огнот во Сирија. Групите, во кои се вклучени фракции кои се борад под знамето на „Слободната сириска армија и исламистичката „Ахрар ал-Шам“, денеска соопштија дека ќе одгооворат со сила против било која армија која отвора оган против цивили. Во соопштението се вели дека групите подготвуваат заеднички операции за започнување на битката“, но не е наведено во која географска локација. Од крајот на февруари стапи на сили договорот за прекин на огнот, но ескалација на борбите има окоу градот Алепо, како и воздушни напади се случуваат во Хомс.

XS
SM
MD
LG