Достапни линкови

Јордан го отповика својот амбасадор во Техеран


Во услови на продолжување на тензиите меѓу Иран и Саудиска Арабија, Јордан соопшти дека го отповика својот амбасадор во Техеран за консултации. Портпаролот на јорданската Влада Мохамед Момани денеска изјави дека Аман го преземал чекорот поради, како што рече, иранското мешање во внатрешните работи на соседните земји, оссобено во земјите од Заливот. Момани рече дека Иран не одговарал на повиците на Јордан и на други земји да го почитува суверенитетот на арапските земји. Јордан е последната земја каде владејат Сунитите и која ги прекина врските со Техеран, откако Саудиска Арабија на почетокот на годинава ги прекина врските со Исламската Република.

XS
SM
MD
LG