Достапни линкови

logo-print

Демолирана канцеларијата на претседателот Иванов во Тетово


Илустрација.

Илустрација.

Со парчиња од ќерамиди и бетон, засега непознати сторители утринава ги скршиле изложните и стаклата од влезната врата на канцеларијата на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, лоцирана на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

За време на инцидентот кој се случил утрото помеѓу 5 часот и 5 часот и 50 минути, пред и во внатрешноста на канцеларијата биле фрлени и неколку јајца.

По наредба на јавен обвинител извршен е целосен увид, оштетувањата се фотодокументирани и се преземаат мерки и активности за откривање на сторителите, рече Јосифовски.

XS
SM
MD
LG